Ќе се доградува Милениумскиот крст на Водно

Од:

Милениумскиот крст ќе го добие долгонајавуваниот ресторан кој сеуште претставува нереализирано ветување поради недостиг на неопходната инфраструктура. После неколкугодишното одложување, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ја доби улогата да инвестира во создавањето услови за отворање на угостителскиот објект, пишува Скопје Инфо.

Распишан е оглас за избор на најповолен понудувач за архитектонски услуги за изградба, доградба и надградба на постоечкиот комерцијален простор во склоп на крстот. Проектната документација треба да обезбеди решение за хортикултурно уредување на целокупната околина околу крстот, да се изгради потребната водоводна мрежа и да се постават тоалети. Откако ќе се доведе вода до објектот на горно Водно, од ЈСП – Скопје планираат да распишат јавен повик за избор на инвеститор кој би вложил во отворање на ресторан на оваа туристичка локација. Понудите на заинтересираните компании треба да се достават најдоцна до 26 ноември, кога ќе се претстави и идниот лик на просторот околу Милениумскиот крст.

Препознатливиот објект на планината Водно е изграден во 2002 година како една од највисоките градби во Македонија. Иако се ветуваше дека целиот комплекс ќе биде готов уште пред неколку години, поради недостиг на финансиски средства се одложуваше неговото завршување. Во 2008 година беше пуштен во употреба лифтот за панорамско разгледување на Скопје, а во 2009 година беше застаклен ресторанот и дуќаните наменети за продажба на сувенири и разгледници. Најголем исчекор во популаризација на зданието беше направен со изградбата на жичарницата во должина од 1.750 метри со почетна точка од средно Водно и со 28 кабини за превоз на посетители и на велосипеди.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство