А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе се додели концесија за уште една национална телевизија?

by А1он17/04/2013 - 16:33130
Share0

Ќе се додели концесија за уште една национална телевизија, според Советот за радиодифузија. Одлуката за конкурс за национално емитување од страна на нов концесионер не помина мазно, информира Телма.

Добивај вести на вибер

Според Советот за радиодифузија деновиве ќе бидат објавени конкурси за доделување дозволи за вршење на оваа дејност преку терестријален предавател. Обезбедени се и сите претпоставки, има слободни фрекфенции, а потребата од нови радиодифузери е потврдена и со посебна анката меѓу публиката.

– Една од причините е и финансискиот аспект. Во изминатиот период одземавме повеќе дозволи, поради што веќе ги чувствуваме економските импликации – рече Зоран Трајчевски, претседател на Совет за радиодифузија.

– Новиот телевизиски програмски сервис на државно ниво ќе биде на македонски јазик, со претежно забавен, општ формат. Зошто токму ваков формат? – реагираше Столе Наумов.

Според него, во овој период ни се потребни повеќе разновидни информативни програми, пренесува Телма.

Според условите во конкурсот, во програмскиот сервис треба да доминираат видовите програми што претежно исполнуваат забавна функција: забавна, забавно – информативна, играна, спортска, музичка програма, игри, реално шоу.

Во вкупната програма забавната функција не смее да биде застапена со помалку од 50 отсто, ниту со повеќе од 65 отсто, а образовната и информативната не смеат да бидат застапени со помалку од 5 проценти.

Според Советот за радиодифузија има заинтересирани за оваа дозвола, но не откриваат дали меѓу нив има медиуми кои веќе емитуваат програма преку кабелските оператори, или преку сателит.

mediumi

Би можело да ве интересира

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Горан Наумовски13/08/2025 - 15:31

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Горан Наумовски01/06/2025 - 19:08

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

Горан Наумовски03/05/2025 - 11:16

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Горан Наумовски03/05/2025 - 09:48

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Катерина Ѓуровски20/03/2025 - 14:28

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on15/03/2025 - 22:2515/03/2025 - 22:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен