Ќе се анализира Правилникот за распределба на државни станови на функционери

Од:

Ќе се прави анализа на Правилникот од 2009 година врз основа на кој се врши распределба на државни станови на функционери, најави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање зошто се дозволува да се плаќа по 400 евра за изнајмување станови за функционери кога се празни 25 од 75-те државни станови.

На функционерите со место на живеење оддалечено повеќе од 30 километри, ако побараат, им следува државен стан, а тие со место на жиеење со оддалеченост од над 100 километри имаат право на избор, дали да користат државен стан или да добиваат кирија.

– Некои го бираат моментот да добијат надоместок за кирија, некои бираат да добијат државен стан. Тоа е Правилникот, така е срочено, драго ми е што јавноста ја отвори оваа тема. Ќе направиме анализа во наредниот период. Ќе видиме доколку може да ги подобриме работите се разбира дека ќе ги подобриме. Се работи за стар Правилник од 2009 година, меѓутоа во моментов Буџетот на РМ по однос на ова прашање не е во ниту еден однос оштетен, рече Бошњаковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски