ВИДЕО: „Ќе ни ги исечат струјата и водата, а не ќе можеме да правиме ревизија на изборната кампања“, ревизорите гневни што се блокирани

Од:

На прес-конференција пред јавноста, 60-ина вработени во Државниот завод за ревизија алармираа дека оваа институција е целосно блокирана со неназначувањето главен државен ревизор, со неисплатата на плати и годишната програма за работа за 2020 година.

Мијалче Дургутов, ревизорот за информирање и комуникација, апелира постапката за избор на главен државен ревизор да се забрза.

„Доколку не дојде до брз итен избор на главен државен ревизор, ние се соочуваме со де факто со законско престанување на нашето работење. Нема да можеме да ја реализираме тековната годишна програма за 2019 година. Не сме во можност да ги исплатиме нашите режиски трошоци, ќе останеме без струја и вода“, рече Дургутов.

„Има доспеан долг од 1,5 милион денари и тужбени барања”, кажа тој пред новинарите.

Тој рече по 4 октомври годинава сите извештаи на оваа врховна ревизорска куќа не може да се испратат на одговор до субјектите на ревизија, бидејќи нема кој да потпишува.

„Веќе се најавени избори. Согласно процедурата на работа, изборите не може да се одржат ако нема ревизија на изборната кампања”, рече тој пред јавноста.

„Ревизијата во СЈО е влезена далеку пред овие случувања. Ревизија ќе се врши во рамки на законските можности”, рече Дургутов.

„Беа планирани 54 ревизии, 12 се во тек кои треба да завршат до 31.12. Другите се завршени. Има 11 конечни извештаи”, кажа ревизорката Лилјана Стојанова.

Комисија од ДЗР се сретнала со претставници на Собранието и на ресорната комисија, меѓу кои, и со претседателот Талат Џафери за да алармираат. Вработените немаат земено плата немаат земено за октомври.

Се уште се чека договор меѓу партиите од власта за избор на главен државен ревизор.

Во изминативе неполни две години со институцијата раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми. Мандатот на заменикот во траење од 9 години, истече на четврти октомври 2019 година, без да биде назначен овластен потписник, со што функционирањето на институцијата е целосно блокиранo.

Би можело да ве интересира

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

A1on

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

A1on

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

A1on

За десет години изградени помалку од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид за што се потрошени 430 милиони евра, утврди ревизијата на ЈПДП

A1on

Апаратите за магнетна резонанца не се искористени, нема доволно кадар – извештај на ревизорите

Владата го трошела буџетот на одделни институции, долгот зголемен за 567 милиони евра, утврдија ревизорите

A1on