Ќе нема тестирање за „Орце Николов“, учениците ќе бидат примени

Од:

Во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје ќе нема приемен испит т.е. квалификациско тестирање за селекција поради надминат број кандидати за упис во прва година.

Сите полуматуранти со 5.0 успех во основно образование кои конкурираа на првото јунско пријавување ќе бидат примени во гимназијата и распределени во деветте паралелки колку што се планирани со Конкурсот за 2019/2020.

Договорот е постигнат денеска на средба во Министерството за образование и наука помеѓу надлежните претставници и претставници на родителите. Претходно родители протестираа пред Владата и пред МОН и собираа потписи против приемен испит и бараа да се оформи дополнителна паралелка.

Слободни места во „Орце Николов“ има за 285 ученици, а на уписот се пријавиле 400, од кои 330 со успех 5.0. Според планот на МОН од вчера, учениците требаше утре да полагаат македонски јазик и математика и од сите пријавени со еднаков успех да се направи ранг-листа на тие што ќе бидат запишани во училиштето.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска