Ќе му се суди на Рашковски, одобрен обвинителниот акт

Од:

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека обвинението против седум лица за нелегална набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година, е оценет и одобрен во целост од страна на Советот за оценка на обвинител акт.

Како што е наведено во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје, обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Драги Рашковски обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ, што по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд – Скопје, по враќање на предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост.

По вака одобреното обвинение, како што посочуваат од Судот, оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 164/21 за кој откако, согласно АКМИС – системот, ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија и ќе биде насрочена главна расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена