Ќе добие ли Скопје нов Луна парк?

Од:

На повикот на Градот Скопје за изградба на нов Луна парк, биле заинтересирани три фирми, но само една од нив ја вратила назад подготвената документација, пишува Утрински Весник.

Градоначалникот Коце Трајановски неодамна најави дека доколку се тече по планот и огласот биде успешен, во првите денови од наредната година ќе се знае судбината на Луна-паркот.

Така, иако овој капитален проект беше едно од неговите изборни ветувања, дури сега, на истекот на мандатот може да се очекува конечен исход.

Концесионерот, за реализација на проектот ќе треба да вложи околу 12 милиони евра.

Тој ќе има обврска да го изгради паркот со кој ќе стопанисува во период од 35 години. Планирано е новиот Луна-парк да се простира на површина од 25.327 квадратни метри, односно да го зафати просторот на постојниот Луна-парк, вклучувајќи ги и дискотеките. Освен содржини и реквизити за игра и забава, инвеститорот ќе има обврска да изгради и дел за угостителски услуги, катче за продажба на сувенири, затворени простории за игра, како и да обезбеди соодветен паркинг-простор и друга техничка инфраструктура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски