Китев: Се поскапува, само откупната цена на земјоделските производи не

Од:

Кандидатот за граночалник на СДСМ за Кавадарци, Бетиан Китев се заложи за гасификација на Кавадарци. Според него, може да се донесе гас за домаќинствата, за производствените погони на фирмите и за општинските згради и училиштата.

„Гасификацијата на Кавадарци не е само желба, туку приоритет за развојот на оваа општина. На тој начин, по примерот на Струмица и Куманово, не само што радикално ќе ги намалиме трошоците на граѓаните, туку и трошоците на општината, а парите ќе можеме да ги инвестираме на друго место. Гасификацијата како резултат на намалените трошоци за производство е основа и за локалниот економски развој со што ќе се створат услови за отворање на нови работни места“, рече Китев.

Тој вети дека дека ќе се залага за нов и модерен зелен пазар, катна гаража во централното градско подрачје, конечно решавање на водоснабдувањето, активно вклучување на општината во меѓународната промоција и афирмација на тиквешкото вино и грозје, враќање на сјајот на манифестацијата тиквешки гроздобер подобрување на условите за живот во селата и развојот на туризмот.

Китев ги повика жителите на Кавадарци да дојдат на утрешниот митинг на опозицијата со што ќе покажат дека не се согласуваат со актуелната ситуација и дека сакаат промени.

„Овдешните луѓе знаат дека вчерашните 2 денари повеќе за откуп на грозјето се само мала утеха за поскапените трошоци за производство. Сè поскапува неколкукратно, само трудот на лозарите, земјоделците и работниците не поскапува. Сè поскапува, само откупната цена на земјоделските производи не. Најлошото е што од година во година се повеќе се намалуваат површините покриени со лозови насади“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски