Китев најави поголема поддршка на спортот во Кавадарци

Од:

Поголема поддршка за спортот и спортистите во општина Кавадраци, најави кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата Сојуз за иднината, Бетиан Китев.

– Еден од моите приоритети ќе биде враќањето на сјајот на спортот во Кавадарци. Колективните спортови како фудбалот, кошарката, ракометот, целосно ќе бидат ставени под општинска закрила. На тој начин преку давањето на шанса  на докажаните спортисти во поодделни области, а со директна  финансиска помош од општината, клубовите ќе го вратат стариот сјај, изјави Китев на денешната прес-конференција.

Најави повеќекратно зголемување на буџетот на Сојузот на спортови и помош на младински школи од екипните и поединечните спортови.

– Сето тоа со една единствена цел, да го поттикнеме и откриеме секој млад спортски талент, но и да ги одалечиме младите од денешните пороци, рече Китев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија