Китев: Камери не снимаат, но не се плашиме, ќе ве победиме

Од:

Не се помируваме од безнадежноста што ни ја наметнуваат. Полошо од ова никогаш не било, младите соочуни со суровата реалност егзистенцијата ја бараат во западните држави, затоа се намалува наталитетот и затоа да им порачаме доста е со лаги и лицемерие.
Ова вечерва на митингот на опозицијата во Кавадарци го кажа кандидатот за градоначалник Бетиан Китев.

„Не е можно гробарите на македонската иднина да ни се претставуваат како лажни патриоти. Лозарите мораа да се откажат од своите лозја, од година во година се намалуваат насадите со лозови насади, се случува Скопје 2014 та со позајмени пари, пари фрлени во ветер кои сите ние ќе мораме да ги враќаме.
Невработеност, ниски плати, цело Кавадарци без надеж ,без дела“, рече Китев

Кавадарци според Китев со него како градоначалник ќе добие катна гаража модерен пазар, гасификација, развој на индустриската зона по примерот на Струмица и нови работни места, враќање на сјајот на манифестацијата „Тиквешки гроздобер„.

„Камери не снимаат, но не се плашиме и ќе ве победиме, и небото и земјата ќе ги поиме но ќе ве победиме“, порача Китев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Го поздравуваме непотпишувањето на указот за Законот за заштита на децата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ДПМНЕ со патолошки лаги за патот Страцин – Крива Паланка, но сликите не лажат

(ВИДЕО) Бочварски: Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е проект на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Тандемот СДС и ДУИ ги наполни институциите со партиски кадри

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ правеа матни тендери во четири очи, го испокрадоа Буџетот

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите