Како се ближи денот на изборите, така се повеќе растат заканите и притисоците од страна на ДПМНЕ. Енормно доаѓаат до израз палета од методи и техники со кои се служи владеачката гарнитура и го прекршува изборниот законик, вели кандидатот за градоначалник на Сојузот за иднината, Бетиан Китев.
Уцени, поткуп, вели, лажни ветувања за вработување кои доаѓаат од раководни лица на институции, ангажирање на административни работници за политички цели, напуштање на работни места заради политичка кампања, злоупотреби на службена положба и овластувања и најразлични облици на дрско манипулативно рушење на сите демократски постулати.
Јас се кандидидирав за градоначалник за да бидам во функција на сите граѓани. Да воспоставиме нов вредносен систем каде секој според знаењето, образованието и капацитетите ќе има можност да се реализира себе во Кавадарци. Имаме интелектуални капацитети кои ќе ги искористиме за да развиваме меѓународна соработка во сите сфери на општественото живеење.
Ќе бидат анагажирани во проекти, во сите пори од општината за да функционалноста, прогресивноста и развојот го издигнеме на највисоко ниво.
На кавадарчани им се потребни елементарни капитални инвестиции. Социјализацијата во примарниот, секундарниот и терцијалниот стадиум претставува витална основа на нашиот хуманитет. Ќе изградиме современа, енергетски ефикасна детска градинка. Ќе овозможиме квалитетен развој на децата и една здрава социална средина. Ќе обезбедиме општествена еднаквост, ќе обезбедиме квалитетно и продуктивно канализирање на сите потенцијали. Младиот човек ќе има можности да се реализира, да спортува, да се едуцира и да се изградува како личност имајќи ги на дофат сите можности. Ќе се вреднува и умствениот и физичкиот труд.
Нудиме транспаѐрентност и отвореност, нудиме општина која ќе постои за потребите на кавадарчани. 24 часовна мобилност за секој јавен проблем од областа на осветлувањето, јавната чистота и други надлежности од делокругот на локалната администрација.
Нудиме гасификација на Кавадарци. Со изградбата на гасификациона станица и мрежа ќе ги намалиме трошоците за затоплување на институциите, на правните лица и на домовите со минимум 50%. Ете тоа подразбира домаќинско работење.
Кавадарци долги години слуша многумина како ветувааат изградба на катна гаража, но ние ќе ја изградиме. Ќе изградиме и паркинг за тешки возила за потребите на транспортните компании и конечно ќе се растерети и нормализира сообраќајот во Кавадарци.
Ќе го модернизираме постоечкиот зелен пазар, ќе изградиме нов покриен градски пазар и современ трговски центар.
Политичката асфалтна џунгла заврши. Од нашето Кавадарци ќе направиме рајска градина.
Почитувани сограѓани. Изборот е Ваш и во Ваши раце.
Јас Бетиан Китев, Ви ветувам, дека сето она кое го слушнавме како потреба на граѓаните во овој период и го внесовме во програмата, ќе го исполнам.
Нема повеќе поделби по било кој основ. Време е да се сплотиме. Време е и за насмевка на лицето на секој наш граѓанин.
Затоа на 24 март, во недела, да излеземе сите на гласање и да го дадеме гласот за кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Бетиан Китев и да го заокружиме редниот број 42.
Мојот човечки завет Ви го дадов. За поубаво Кавадарци, за нашата иднина СЕГА!
