Китев: Демократијата во Македонија мора да завладее… Време е!

Од:

Како единствен кандидат на СДСМ и коалицијата за Кавадарци, Бетиан Китев им заблагодари на граѓаните за досегашната подршка, за упорноста, неколебливоста и истрајнноста.

Наспроти пропагандата и дезинформациите кои се пласираат преку провладините медиуми , Ве известувам дека нашето клучно барање за постигнување договор за предвремени парламентарни избори е постигнато. Одиме на избори!, рече тој

Од денеска, рече, официјално почнува кампањата и влегуваме во историјската битка за Кавадарци. Од денес ве повикувам на единство, на финалната битка чија резултанта ќе биде показател за каква иднина ќе се определиме.

Почитувани, доста беа поделби, доста беа лаги и манипулации, ајде сите заедно да застаниме и да кажеме стоп на криминалот, ајде сите заедно да направиме чекор кој ќе значи ставање темел на ново европско Кавадарци.

Од денес па сe до предизборниот молк започнуваме со водење на предизборната кампања чиј епилог ќе се случи на 24 март.

Очекувам овие локални избори да бидат едни од највалканите и водени со разни насилни методи. Ние од СДСМ и коалицијата одлучивме: ОДИМЕ НА ПОБЕДА!

Демократијата во Р. Македонија мора да завладее… време е.

Ги повикуваме сите граѓани на Кавадарци, без разлика на вера, партијска определба, членството на СДСМ, симпатизерите на СДСМ и неопределените гласачи да го дадат гласот за иднината СЕГА, за кандидатот за градоначалник м-р Бетиан Китев и за советничката листа на СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски