Китев: Да ги спречиме младите да се иселат од Кавадарци

Од:

„Се кандидирав за градоначалник затоа што е време за фундаментални промени во секој сегмент на нашето општество. Затоа што моите родители, вашите родители, заслужуваат спокојни пензионерски денови во кои ќе се радуваат гледајќи ги своите најмили како чекорат напред. Затоа што сакам младите својата егзистенција да ја имаат во Кавадарци, затоа што сакам поубава и подобра иднина за сите, развиена европска урбана средина и сестран прогрес, и конечно, затоа што убеден сум дека ќе успееме да го направиме Кавадарци место каде секој ќе го живее својот сон.

– Загубата на одделни видови на професии во форма на одлив на умови е особено изразена во Македонија. Според последниот извештај на Светска банка од земјава има висок степен на одлив на мозоци и практично секој кој има шанси да замине во странство го прави тоа.

– Бројките велат дека 447.000 луѓе се иселиле од земјава заклучно со 2010 година, според што Македонија влегува во групата со најмногу емигранти. Земјава е рангирана на 23 место во групата од 25 земји со најмногу емигранти. Со 21,9 отсто емигранти од вкупното население земјава е во друштво со Западен Брег и Газа, Гранада, Самоа, Сао Томе и Принципе.

– Од регионот, друштво ни прават Албанија со 45,4 отсто од населението во емиграција и Босна и Херцеговина со 38,9 отсто. Македонците најмногу се иселуваат во Италија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Франција и во Канада.

– Како млад кавадарчанец сакам секој, оној кој е заминат од Кавадарци да се врати и сите заедно, со сите наши знаења и искуства да го направиме Кавадарци да биде европски град. Да биде достојно место за живеење за секој кавадарчанец

– Ние младите од Кавадарци, знаеме дека имаме слични проблеми со нашите врсници, знаеме дека и тие се грижат да се запишат на универзитетот за кој сонуваат, да најдат подобра работа и место каде ќе црпат енергија и идеи за своите приватни и професионални успеси. Откривајќи ги успесите на нашите врсници, споредувајќи ги со нашите, ние брзо го воочуваме фактот дека тие меѓусебно се проникнуваат и поттикнуваат.

– Ние младите од Кавадарци, вештачки сме доведени во состојба на инфериорност и затоа бараме преку олеснување на условите за вработување на младите во Кавадарци истите да ги спречиме во иселувањето надвор од Кавадарци кое сега масовно ни се случува“, рече на денешната пресконференција Бетиан Китев, кандидат за градоначалник на Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар