Кисела Вода работи на расчистување на теренот по синоќешното невреме

Од:

Општина Кисела Вода интензивно работи на расчистување на теренот по големото невреме што го зафати градот Скопје и кое предизвика поплави и други проблеми. Со цел што повеќе да се намалат штетите и последиците од оваа елементарна непогода, од синоќа на терен се екипи од сите сектори од општината предводени од градоначалникот на општина Кисела Вода.

На сите локации во општина Кисела Вода каде се забележани последици од силните врнежи на дожд, силните елктрични празнења и ветарот со голема брзина, се интервенира со потребната механизација. Во координација со службите на градот Скопје, сите јавни претпријатија, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЕВН, Бригадата за Противпожарна заштита, Итната медицинска помош, и пајак службата, како и со сите останати институции кои од почетокот на невремето ги користат сие расположиви средства за да им помогнат на граѓаните, се превземаат активности за санација, како и за превенција од евентуални нови обилни врнежи.

На терен е излезена и комисија за проценки на штети која врши увид и прави записник за поголемите проблеми кои ги предизвика оваа елементарна непогода. Воедно, отворени се и сите месни и урбани заедници кои ќе останат отворени и во текот на ноќта и во текот на утрешниот ден. Тимовите од кризниот штаб на општина Кисела Вода остануваат на терен се до комплетно стабилизирање на состојбата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Србија: Ветрови со сила на ураган носеа сè пред себе, наврна многу дож, а некаде падна и град

(ВИДЕО) Невреме во Германија: Загина 11-годишно дете, поплавени се подруми, патиштата се затворени

(ВИДЕО) Страшна бура го погоди Пожаревац

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тотален хаос во Пожаревац, сè е уништено, силни налети на ветер, штетата е огромна

Горан Наумовски

Крагуевац е погоден од силна бура, при што силните ветрови дури и соборија дрво

(ВИДЕО) Силни дождови ја погодија Анкара, делови од градот се поплавени

Горан Наумовски