Кисела Вода ќе добие нов зелен пазар

Од:

Општина Кисела Вода склучи договор со фирмата „Бортас“ за изградба на нов зелен пазар на улицата „Франк Харкорд Манинг“, кој треба да биде готов за околу два месеци.

Пазарот ќе се простира на површина од околу 250 метри квадратни, каде ќе бидат поставени 40 тезги со настрешници за продажба на земјоделски производи.

– Изминатиот период на оваа локација егзистираа неколку тезги за продажба на земјоделски производи, кои не можеа да ги задоволат барањата и потребите на жителите на Кисела Вода за земјоделски производи, информира општина Кисела Вода.

Во рамки на пазарот ќе има чешма за вода, тоалети, а ќе се обезбеди и пристап за возилата кои ќе ги доставуваат производите.

Одржувањето на пазарот ќе биде во надлежност на ЈКП „Комуналец – Кисела Вода“, а за изградбата на овој пазар, општината од својот буџет издвои околу 4 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош