Кировски: „Телма“ не е на продажба, продолжуваме со исто темпо

Од:

„Телма не е на продажба“ и менаџментот нема намера да подлегне на политички притисок, велат одговорните во телевизијата откако против сопствениците на ТВ-станицата беше покрената кривична пријава.

МВР ги терети членовите на Управниот и Надзорниот одбор во Акционерското друштво за промет на нафта и нафтени деривати „Макпетроол“ за злоупотреба на службена положба со што, наводно, ги оштетиле акционерите за околу 6,1 милион евра. Дел од јавноста во ова гледа повторување на сценариото од последните денови на „А1“ телевизија кога настрадаа прво фирмите на сопственикот на телевизијата, за потоа да згасне и медиумот.

-Менаџментот и „Телма“ остануваат верни на својата принципиелна, непристрасна и објективна уредувачка политика и немаат намера да подлегнат на било какви политички притисоци – одговара генералниот менаџер на „Телма“, Атанас Кировски, на ваквите споредби.

Од таму ги негираат шпекулациите во јавноста дека наводно „Макпетрол“ планира да ја продаде телевизијата. Менаџметот на компанијата, вели Кировски, ниту преговара со било кого за продажба, ниту пак има намера да ја продаде.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ