Кировски: Новинари со кариери и кредибилитет беа бодигарди на Боки 13 за кеш

Од:

Проблемот на ова општество не се само опскурни типови како Боки 13 околу кој се нареди на баци рака цел естаблишмент, и на кого му беше дозволено да води медиум на криминален начин. Поголем проблем е што дузина новинари со кариери и кредибилитет, свесно се ставија во улогата на негови општествени бодигарди за кеш.

Уште поголем проблем е што постојано ги избираме некадарните, и потпросечните да водат институции (Катица) -кои кога ќе ги дочекаат своите 5 минути моќ, се обидуваат на најселски начин да ги ублажат своите провинциски фрустрации, и неизживеаност.

Клучниот проблем е што не функционираат институции и судство. За да функционира рекетот, во орото биле фатени и Основен суд, и Апелација и Врховен.

Конечно, и секако не само заради овој последен пример епилогот е дека нашите дедовци и татковци ни оставија подобра држава и институции. Ние на нашите деца им оставаме пепел. Ова е колективен срам за нас како генерација.

Би можело да ве интересира

Убиени се двајца новинари во Газа

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он