Кирил Миноски, нов министер за финансии

Од:

Кирил Миноски е новиот министер кој ќе раководи со Министерството за финансии. На оваа функција доаѓа од позицијата директор на Управата за јавни приходи.

Тој е доктор на економски науки. Има 17-годишно искуство работа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси и 13-годишно искуство во работењето на една од водечки светски консултантски компании Booz Allen Hamilton во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење и развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно окружување.

Меѓу неговите активности вклучуваат директор на Управата за јавни приходи од 2015 година, претходно од мај 2014 до ноември 2015 година беше на позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат. Бил диркетор на проектна единица фокусирана на обнова и изградба на 23 здравствени установи во РМ во секундрното здравство и изградба на Клиничкикот центар Скопје и Клиничката болница Штип, менаџер на компонента з аизвоз, проект за унапредување на инвестирањето и извозот на УСАИД од 2010 до 2013 година, менаџер на компонента за реформа на пазарот на трудот и пензиски рефори, проект на УСАИД за унапредување на деловното окружувње 2006-2010, менаџер за финании и човечки ресурси – Проект за конкуреност на УСАИД од 2002 до 2006 година, заменик директор на Македонски банкарски проект на УСАИД од 2000 до 2002 година, менаџер на одделот за увоз во ОРКА Холдинг од 1997 до 1999 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма