Кире Наумов ќе биде исклучен од лидерската трка во СДСМ?

Од:

Во Извршниот одбор на СДСМ доминира ставот дека на Конгрес може да одат најмногу тројца кандидати за претседател, бидејќи како што велат, сè што е над таа бројка ќе остави несериозен впечаток за јавноста.

„Сè погласни се информациите дека од изборната трка ќе биде исклучен поранешниот разузнавач и близок соработник на Црвенковски, Кире Наумов, кој всушност меѓу првите најави дека ќе се кандидира за нов лидер на СДСМ“, пишува денешен Утрински весник.

Како што се вели во статијата, тој ќе биде дисквалификуван од трката за нов лидер на најголемата опозициска партија под образложение дека не исполнува дел од критериумите, односно дека изминатиов период со своите настапи ѝ нанесувал штета на партијата.

Денеска се очекува во централата на партијата да пристигнат последните предлози од неколку општински организации, по што продолжува постапката за филтрирање на кандидатите кои ќе ја продолжат внатрепартиската изборна трка на Конгресот што ќе се одржи на 2 јуни.

Партиски извори информираат дека в четврток ќе заседава Извршниот одбор на партијата на кој ќе се утврди конечната кандидатска листа, пишува Утрински.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски