Кирацовски: Запалено е и возилото на активистка на СДСМ во Битола, Јасминка Кочевска

Од:

„Разорниот ефект кој „Вистината за Македонија“ го има врз актуелната власт, охрабрениот и се погласен народ, масовноста и енергијата кои опозицискиот караван ги носи од град во град, ја прават власта нервозна и бескрупулозна.

Задвчера, до пепел изгоре возилото на Марјан Јовановски, наш активист, а ноќеска се случи уште еден ваков кукавички чин, запалено е уште едно возило, на активистката на СДСМ во Битола, Јасминка Кочевска“, рече Александар Кирацовски, СДСМ Битола.

bitolcaniSdsms

„Ако вчера поради внимателност не изразивме сомнеж дека мотивите се политички, денес тоа е јасно за целокупната јавност во Битола.

Очигледно е дека Вистината за Македонија што одекна во Битола длабоко допре до криминалите на власта и инсталациите со нејзините соработници“, изјави Александар Кирацовски.

„Апелираме до совесните и професионални вработени во полицијата – имате законска обврска да не ги затворате очите пред фактите и да не го толерирате насилието!

До сите, нарачатели и извршители, кои безнадежно гледаат излез во ваквите инциденти, порачуваме дека никој и ништо не може да го спречи обело-денувањето на Вистината за Битола, Вистината за Охрид, бидејки денеска сме таму, Вистината за Македонија.

Никакви закани, уцени и притисоци нема да `не замолчат!

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, нема да дозволи никој да си поигрува со чувствата и спокојот на граѓаните.

Предупредуваме дека неоткривањето и казнувањето на сторителите на овие два тешки инцидента, отвора можност за свесно движење кон ексалација, на штета на граѓаните на Република Македонија“, вели Кирацовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски