Кирацовски во посета на југоисточниот регион на Македонија: Граѓаните се и остануваат наш главен приоритет

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во текот на вчерашниот ден ги посети општините Василево, Ново Село, Босилово и Струмица. На средбите со граѓаните се разговараше за новите политики и промените кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, економски раст, инвестиции и напредок.

Земјоделскиот крај ги чувствува промените кои го враќаат достоинството на земјоделците и го враќаат нивниот семеен спокој.

„Се обврзавме и одговорно работиме за да обезбедиме подобра иднина за нашите граѓани. Кога зборувам за подобра иднина зборувам за 235 милиони евра странски инвестиции, што претставува рекордно остварување во првото тромесечие во последните 12 години. Зборувам за новите работни места, за покачувањето на минималната и просечна плата, зборувам за тоа како со промените, за прв пат имаме одговорно, неселективно и навремено исплаќање на субвенциите. Ги исплативме и субвенциите коишто не беа исплатени од минатата власт. Воведовме зелена нафта и поврат на персоналниот данок за земјоделците. Со овие мерки повеќе пари насочивме кон граѓаните. Нашата цел е достоинствени граѓани, со повеќе пари и поквалитетен живот. Граѓаните се и ќе останат наш приоритет“ – рече Кирацовски.
Кирацовски се осврна и на повиците за поделби и враќање назад од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Гледаме дека се уште се следи патот на Никола Груевски, со чие криминално владеење граѓаните еднаш расчистија. После 11 изгубени години Македонија нема време за губење. Македонија тргна напред.“ додаде Кирацовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок две милијарди евра

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано провоцираат за време на седниците на Советот на општина Кочани

А1он