Кирацовски во посета на Демир Хисар

Од:

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска беше во посета на општина Демир Хисар каде имаше работни средби со градоначалникот Љупчо Блажевски и со раководни лица од подружницата Шумско стопанство „Бигла“ –Демир Хисар.

На средбите, информираат од неговиот Кабинет, се разговараше за можните притисоци и злоупотреби на вработените во јавниот сектор за време на изборниот процес.

– Констатирано беше дека сите одговорни лица треба да ги почитуваат законските одредби, а со тоа секој да го даде својот придонес за создавање на услови, граѓаните слободно да ја изразат својата политичка волја, се вели во соопштението од Кабинетот на Кирацовски.

Дополнителниот заменик министер, се додава, на средбата со раководните лица ја потенцираше својата одлучност и подготвеност да се стави во заштита на сите вработени во јавниот сектор, од било какви притисоци и закани за време на изборниот процес, затоа што единствената опција за Република Македонија, се слободни и фер избори во демократски услови.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември