Кирацовски во Лозово, Демир Хисар и Ресен: Да ја искористиме историската шанса, да кажеме ДА за македонската иднина

Од:

Генералниот секретар на СДСМ Кирацовски продолжува со посети на општините и населени места ширум земјава. Придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ во текот на вчерашниот ден Кирацовски ги посети Лозово, Демир Хисар и Ресен.

Пред присутните граѓани и поддржувачи на СДСМ, генералниот секретар Кирацовски зборуваше за актуелни теми и прашања во интерес на граѓаните и се осврна на договорот којшто става крај на 25 годишниот спор со Грција, којшто ги отвора евроатлантските перспективи и го јакне нашиот идентитет.

– Пред нас е историска шанса, имаме договор којшто го зацврстува и зајакнува нашиот идентитет, договор којшто затвора долгогодишен спор. Доста беа порази, граѓаните сакаат победи. Овој договор отвора перспективи, да бидеме 30-та земја членка на НАТО и ги отвора преговорите со ЕУ. Како граѓани исправени сме пред историска шанса да ја обезбедиме иднината и никој никогаш повеќе да не го спори нашето, своето. Секој од нас ќе има можност последниот збор да го каже на референдум. Да ја искористиме таа прилика, да кажеме ДА за за нашата македонска иднина, да кажеме ДА за членство во НАТО и ЕУ, порача Кирацовски.

Членството во НАТО, додаде Кирацовски е гарантирана безбедност и стабилност, но и нови инвестиции и работни места, преговорите и членството во ЕУ е зајакнување на институциите, владеење на правото, но и отворање на нови фондови и повеќе пари кај граѓаните.

Генералниот секретар и највисокото раководство на СДСМ остануваат во директен контакт со граѓаните преку предвидените активности во секоја општина и населено место во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски