Кирацовски: Спроведените мерки обезбедуваат повеќе пари за граѓаните

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, беше меѓу граѓаните на Кочани, Виница и Зрновци, а се сретна и со поддржувачи на партијата.

На средбите со граѓаните, Кирацовски се осврна на остварените ветувања на новата Влада кои носат повеќе пари за граѓаните, создаваат услови за нови работни места и обезбедуваат поквалитетен живот.

„Македонија се врати на вистински пат. Рекордни 235 милиони странски инвестиции влегоа во Македонија во првите месеци од годинава, без ниту еден денар за роуд шоуа. Минималната и просечната плата се покачени, 90 илјади граѓани земаат повисоки плати. Програмата за финансиска поддршка на земјоделците носи огромна корист за земјоделците, субвенциите за ориз се зголемени на 24 илјади денари од хектар со сертифициран материјал. Започна циклус на сериозни инвестиции за подобрување на инфраструктурата, водоводната и канализациска мрежа. Граѓаните заслужуваат квалитетен живот, и работиме токму на тоа“, рече Кирацовски.

Зборувајќи за скандалот со изнесените лаги на Христијан Мицкоски околу неговиот ангажман како советник на Никола Груевски, генералниот секретар Кирацовски оцени дека Мицкоски не ги почитува граѓаните и дека јавноста ја воочува разликата помеѓу лагите, расипништвото и лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и домаќинското и одговорно работење на владата предводена од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата пола ни се исели, а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

А1он

Шукова: Градот го претворија во џунгла

А1он

Филипче: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

А1он

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова: Скопје мора да се развива паметно, не може веќе да се бориме со хаосот, скопјани заслужуваат многу подобро

Герасимовски: Итно копче 24/7, бесплатни стоматолошки прегледи и домашна нега за пензионерите

Горан Наумовски