Кирацовски по повод Курбан Бајрам: Да останеме сплотени на патот кон вистинските вредности

Од:

Генералниот секретар Александар Кирацовски, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое лично име упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот Курбан Бајрам.

„Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам од име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име, на вас и на сите верници коишто го празнуваат. Празничните мигови нека донесат духовен мир, слога, почитување, благосостојба и заедно сплотени да останеме на патот кон вистинските вредности. Заедно да ги славиме и да ги негуваме солидарноста, толеранцијата и меѓусебното почитување во Република Македонија како темели за напредна и просперитетна држава за сите нејзини граѓани.“ стои во честитката на Кирацовски.

„Нека ви е среќен Курбан Бајрам на сите кои го празнувате, почитувани сограѓани!“ додаде Киравоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО