Кирацовски: Македонија чекори напред, чест и обврска е да се работи за доброто на граѓаните

Од:

Во рамки на посетите на општините низ Македонија, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во текот на вчерашниот ден беше со граѓаните на Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица, а во изминатите денови се сретна и со граѓаните Пробиштип и Свети Николе.

СДСМ го слушна мислењето на граѓаните разговара за процесот на реформи, како и за предзвиците на Република Македонија за сигурна и стабилна иднина.

На отворената граѓанска трибина во Берово Кирацовски рече дека СДСМ, како владејачка партија партија има огромна чест, но и обврска да работи за доброто на сите граѓани. Кирацовски додаде дека реалните показатели ја потврдуваат успешноста на економките политики на Владата предводена од СДСМ.

„Последна потврда е фактот дека во првите три месеци во Македонија се влезени 235 милиони евра странски инвестиции. Тоа е повеќе отколку за цела 2017 година и е рекордно најмногу инвестиции во првото тромесечие во последните 12 години. Тоа покажува дека економијата е раздвижена, а Македонија чекори напред. Повеќе инвестиции значат повеќе пари за граѓаните. Берово и беровчани најдобро знаат што значи пријателство со соседите и како тоа позитивно се одразува врз економијата.“ рече Кирацовски.

На средбите со граѓаните од Делчево и Пехчево Кирацовски изрази жалење што опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во матрицата на Никола Груевски, со кого граѓаните одамна расчистија.

„Не гледаме никаква разлика, Мицкоски го следи патот на Груевски. Некои сакаат земјава да се врати назад. Но, граѓаните избраа напредок. Македонија одлучно чекори напред кон економски раст, повисоки плати и просперитетна иднина како членка на ЕУ и НАТО каде што Македонија вредносно и цивилизациски припаѓа.“ рече Кирацовски.

Генералниот секретар Кирацовски, придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, и денеска продолжува со средбите со граѓаните ширум Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници