Кирацовски: Црната кампања на ВМРО ДПМНЕ, ја следат и медиумите

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски , испрати писмена реакција на текстот објавен на Net Press. Статијата, објавена на веб порталот Net Press, според него, претставува обид за безобразна инсинуација со која сакаат лично да ме оцрнат.

Истата вели, се однесува на настан кој се случи пред повеќе од една деценија, на негови 18 години, во ситуација кога им го спасил животот на двајца другари, носејќи ги повредени во болница, затоа што биле нападнати од насилници кои употребиле ладно оружје.

„Сакам да ја информирам јавноста дека еден од нив, Дејан Србиновски (мојот повреден другар), е син на висок функционер од ДПМНЕ, Илија Србиновски, актуелен подрачен министер за земјоделие во Битола, па вистината можете да ја најдете токму таму – во ДПМНЕ!

Тој може да ви ја потврди во целост. Со цел доследност кон јавноста добро е порталот Net press да информира дека Александар Кирацовски, е сопруг и татко, спортски наградуван, една деценија концерт мајстор во „КУД Стив Наумов“ Битола, одличен студент и магистрант, (Дипл.маш инженер по Индустриски Менаџмент и М-р по Менаџмент на човечки ресурси), Алумнист на Политичката академиија за социјална демократија и актуелен обучувач за истата, награден со 1-ва награда за најдобар бизнис план, врачена од SPARK Холандија. Моментално со работен ангажман за Фондација Бизнис Стартап Центар Битола – Проет на USAID за развој на претприемаштото во пелагонискиот регион каде има дадено значаен придонес.

– Чудно е што ваквата црна кампања, која претставува основа на политичкото делување на ВМРО ДПМНЕ, ја следат и медиумите. Но, сакам да потенцирам дека оваа нова позитивна енергија во СДСМ која претставува надеж за државата, нема да можат со ништо да ја побијат“, вели Кирацовски.

За крај повторува, дека како што пред 12 години застанав во одбрана на другарите, како што на 24-ти декември 2012-та пред Собранието на РМ застанал во одбрана на демократијата, а подоцна и на браникот на отпорот, и во иднина ќе продолжи да се борам за правдата и вистината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците