Кинескиот амбасадор Џеншун во посета на општина Кисела Вода

Од:

Новиот амбасадор на НР Кина, Вен Џеншун денеска беше во посета на општина Кисела Вода.

Градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ изрази надеж дека ќе продолжи успешната соработка која ја имаше општината со неговите претходници.

Дискутирајќи за можностите на општината и предизвиците со кои се соочува, соговорниците се фокусираа на изградбата на новото училиште во населбата Драчево, „Рајко Жинзифов”, кое е целосна донација од НР Кина.

Анализирајќи ја динамиката на работата и двајцата соговорници изразија надеж дека на 1 септември учениците од овој дел на градот ќе ја почнат учебната година во новиот објект, кој ќе биде урнек за сите други училишта во Скопје.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош