Киднапирал жена и ја терал да му стане сопруга, уапсен жител на штипска Лакавица

Од:

69-годишен жител на штипското село Лакавица е уапсен откако жена го пријавила дека пред четири дена ја однел во неговиот дом, ја држел против нејзината волја и ја терал да му стана сопруга. Жената побегнала и го пријавила во полиција.

– На 23.05.2023 во 21.40 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Л.Н.(69) од с.Лакавица-штипско поради претходна пријава од 48-годишна жена дека на 19.05.2023 околу 14.00 часот тој противправно ја држел во својот дом инсистирајќи да му стане сопруга. Откако избегала, таа го пријавила случајот во полициска станица. Л.Н. бил задржан во полициска станица информира МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука