Кичевскиот регион ќе добие модерен систем за наводнување „Колибари”

Од:

Вкупно 160 хектари ќе бидат опфатени со новиот систем за наводнување „Колибари” во Кичевско, а ќе може да го користат околу 100 земјоделци. Проектната документација треба да биде готова до септември годинава, а за изградба на системот ќе се потрошат 1,4 милиони евра.

Проектот денеска беше промовиран пред производителите од регионот што ги опфаќа селата Колибари, Црвевци, Мамудовци и Лазаровци, а за да се реализира, како што рече држаниот секретар во Министерството за земјоделство Нефруз Челику, изјави треба да потпишат земјоделците кои претставуваат преку 50 отсто од подрачјето.

Челику потсети дека ЕУ со 1.630.000 евра го поддржува МЗШВ во изработка на проектна документација за изградба на осум мали системи за наводнување рамномерно распоредени низ целата територија на државата.

– Крајниот корисник ќе бидат малите земјоделци кои не се опфатени од големите системи за наводнување. Целта на овој проект е да придонесе за зголемување на конкурентноста на земјоделскиот сектор. Од ИПА механизмот за осумте мали системи за наводнување се обезбедени шест милиони евра, а 4,6 милиони се од националниот буџет, истакна Челику.

Би можело да ве интересира

Уште се полавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево