Кичевскиот градоначалник во Германија за да привлече странски инвеститори

Од:

Делегација на Општина Кичево, предводена од градоначалникот Фатмир Дехари изминатите неколку дена беше во Германија на официјални средби со градоначалниците на Касел и Лофхелден. Во текот на оваа посета, делегацијата од Општина Кичево го претстави потенцијалот што го има градот со цел привлекување странски инвеститори.

Тие, исто така, се запознаа со начинот на функционирањето на јавните претпријатија, кои се занимаваат со обработувањето на ѓубрето, кои произведуваат алтернативна електрична енергија, како и функционирањето на фабриката на биогас.

Ако овие состаноци бидат успешни и овие претпријатија се одлучат да инвестираат во Кичево, ќе се решат долгогодишните проблеми на овој регион со изградба на фабрика за рециклирање на ѓубрето од градската депонија и можност за користење на ресурсите за греење.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски