Кичевски „Комуналец“ го чисти коритото на реката Сушица

Од:

Градското комунално претпријатие „Комуналец“ од Кичево, почна активности за чистење на коритото на градската река.

Се очекува до средината на септември целосно да биде исчистено речното користо.

– Започнавме со чистење на речното корито на Сушица. Го искористивме периодот кога водостојот во реката е најнизок, а тоа ќе овозможи работите да се одвиваат без застој. Инаку, ова е второ чистење на речното корито, откако во раната пролет првпат годинава го изведовме овој зафат. Во речното корито има доста трева, големи камења што ги донела реката по пролетните интензивни врнежи од дожд и ѓубре што го фрлаат во коритото неодговорните граѓани. Ако не се појават дополнителни проблеми, очекуваме до средината на септември да заврши овој зафат-информираа директорот Зенел Јонузи од комуналното препријатие.

Догодина според најавите од општина Кичево, се очекува на речното корито да се изведе целосна реконструкција со нови пешачки и велосипедски патеки, ново осветлување и други урбани содржини, а по завршувањето на овој проект и градот.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски