Кичево: Задолжителното средно образование е еден е проблемите за директорите

Од:

На осмата седница на Советот на општина Кичево се одобрија годишните програми за работата на основните и на средните училишта во овој град.

„Од 3000 ученици што учат во две смени, во главниот објект на училиштето нормално е дека ќе нема тишина и ќе има тепачки. Затоа сме принудени некогаш да поднесеме решение за исклучување на проблематичните ученици од училиштето“ – тврди Неби Билали, директор на СОУ „Дрита“.

Учениците во двете средни училиште во Кичево, „Мирко Милески“ и „Дрита“ и понатаму немаат униформи и ова, исто така, од советниците се гледа како проблем што бара решение.

Во претставувањето на годишната програма за работа на ОУ „Владимир Полежиновски“, советниците не се согласија тој да биде само на македонски, бидејќи, според нив, ова е против законот за кој тие сами се согласија.

Директорот на ОУ „Владимир Полежиновски“ рече дека ова е поради финансиите.

„Ние баравме прошка од општината што нашата програма ќе оди само на македонски. Ова не е нешто тенденциозно. Нашето училиште функционира со блокирана жиро-сметка, затоа немавме финансиска можност да го преведеме. Во нашето училиште нема таков компетентен за преведувањето“, рече Славица Буреска, директор на ОУ Владимир Полежиновски.

Повеќето од училиштата во Кичево го продолжуваат работата со блокирани жиро-сметки. Седницата продолжи со прифаќање на вкупно 26 точки од дневниот ред, едногласно од сите советници.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски