Кичево: Постојано се намалува бројот на учениците-Албанци

Од:

Бројот на првачињата во Кичево постојано се намалува. Печалбарите сè повеќе си ги земаат и нивните деца во странство, па бројот на учениците низ училиштата од гоина во година станува сè помал. Од Секторот за образование во Општина Кичево велат дека во споредба со минатите, оваа година се забележува намалување на бројот на учениците што се запишани на прво одделение.

„Во минатото, албанските ученици беа најмалку 30% повеќе од бројот на македонските ученици заедно со Турците и со Ромите. Сега речици нема разлика. Бројот на албанските ученици што се запишани оваа година во прво одделение е околу 180 ученици и толку е и бројот на македонските ученици заедно со Турците и со Ромите“, вели Нуредин Асани, соработник на Секторот за образование во Општина Кичево.
ОУ „Реџо Рушит Зајази“ некогаш беше училиштето со најголем број ученици во Кичево и вп околината, но последните години не е така.

„Во последните пет години намалувањето на бројот на учениците се стабилизира, но пак бројот е мал. Од 135 ученици што се на списокот, само околу 50 од нив се запишани во прво одделение, што значи дека две третини од нив не живеат овде, туку во странство. Ова е загрижувачки“, вели директорот на ОУ „Реџо Рушит Зајази“, Сулејман Дервиши.

Дали намалувањето на бројот на учениците ќе продолжува или не, се очекува да видиме во иднина.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски