Кичево: Објектот на гимназијата не е готов за почетокот на учебната година

Од:

Пред извесно време почна изградбата на новиот дел на објектот на гимназијата на Кичево, кој треба да биде заеднички за СОУ „Дрита“ и СОУ „Мирко Милески3. Изградбата на овој дел се очекуваше да заврши во летните денови и дел од учениците да почне со наставата на овој објект. Но, сега, кога учебната година има помалку од десет дена за да почне, изградбата продолжува и објектот не е подготвен за настава.

„Наставата не може да почне во септември во новиот објект. Во текот на септември ќе се среди ентериерот, а се надеваме дека во октомври сè ‘e биде готово. Предвидениот рок за изградба е поминат, но ние веруваме дека ова нема да трае уште долго“, вели директорот на СОУ „Дрита“, Неби Билали.

Според Билали, уште не дефинирано кои паралелки ќе бидат во новиот објект, но имајќи ги предвид околностите, првите што ќе се постават ќе бидат турските паралелки.

„Гимназијата има три турски паралелки и имајќи предвид дека изградбата на објектот е финансиран од турска агенција, веројатно првите што ќе се постават таму ќе бидат трите турски паралелки“, додаде Билали.

Објектот има вкупно 12 нови училници.

Изградбата на овој дел на објектот на гимназијата во Кичево е проект на Агенцијата за соработка и кординација „Тика“ од Турција, а изградбата ја прави фирмата „Прпарими” од Кичево. Таа требаше да заврши за 220 дена, овој рок е веќе поминат.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски