Кичево со нова хоризонтална собраќајна сигнализација

Од:

Општина Кичево деновиве интензивно работи на поставување нова хоризонтална сообраќајна сигнализација на сите главни улици во градското подрачје.

Хоризонталната сигнализација ја поставува ЈП „Комуналец“, а приоритет е обележувањето на улиците пред училиштата во градот, бидеќи со почетокот на новата учебна година безбедноста на учениците е во преден план.

– Активностите за обележување на улиците со бели линии, ќе продолжуваат непрекинато со цел да се постави сигнализација на сите патни правци, вели директорот на ЈП „Комуналец“ Зенел Јонузи.

Поставувањето на хоризонталната собраќајна сигнализација се реализира со финансиска поддршка од општина Кичево.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски