Кичевчанка нашла неексплодирана мина во подрумот од својот дом

Од:

Педесет и двегодишна жена од Кичево вчера во полициска станица пријавила дека на 24 мај во подрумските простории на нејзиниот дом пронашла неексплодирана минофрлачка мина, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Увид бил извршен во присуство на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, а мината била подигната и предадена во Дирекцијата за натамошна постапка, објасни Димоски.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски