Кешишев: Изјавата не е моја, Палчо ми даде ливче да го напишам со мој ракопис

Од:

Изјавата не е моја, ми беше дадено ливче да биде напишано со мој ракопис и да ви го дадам, изјави обвинетиот Влатко Кешишов на денешното судење во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во врска со изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството.

Кешишов денеска рече дека тоа го сторил од страв.

– Еден од обвинетите што беше таму со мене ми даде ливче, требаше да напишам со мој ракопис и да го дадам на вас. И јас го направив тоа од страв. При транспортот во судот Палчо ми даде ливче, бидејќи бевме сами назад, на два пати нѐ пренесуваа сами, изјави Кешишев, откако неговиот адвокат побара тој да се произнесе по однос на изјавата која беше доставена на изминатото рочиште до судот во која стоеше дека обвинетитот Кешишов вели дека Палчо нема врска со убиството, туку дела тоа го сториле останатите тројца обвинети.

На прашање од Судот од кого се плаши, обвинетиот со одговор „воопшто“.

Кешишов е еден од обвинетите за грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. На првото одржано рочиште, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Би можело да ве интересира

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи Гоце Трајковски

Катерина Ѓуровски

Вања е грабната во 7.29, Цитроенот запален во 9.30, а реното Кангу се враќа во седиштето на Десна

Видео снимки го покажуваат „цитроенот“ во времето кога е грабната Вања

Катерина Ѓуровски

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Невозможно е четворица обвинети да немаат ниту едно прашање или приговор, тоа укажува дека веќе можеби преговарале за исходот на оваа постапка, вели адвокатот на Палевски

Катерина Ѓуровски

Сите наводи на Љупчо Палевски Палчо се неосновани, многу чудно е како тој ги има записниците за испитување од другите осомничени, вели Крстевска