Казни за наставниците и училиштата кои ја прекинаа наставата за Денот на албанското знаме

Од:

Неколку директори на средни и основни училишта се казнети поради тоа што за прославата на 100 години албанска држава и Денот на албанското знаме ја прекинаа наставата. Државниот просветен инспекторат им одреди казни од 2500 до 3000 евра кои ќе треба да ги платат училиштата.

При инспекциските контроли просветните инспектори констатирале и неправилности со тоа што во неколку училишта за време на прославата на албанското знаме и албанската држава биле поставени табли со албански имиња на училишта.

Таблите со имињата пред два дена беа сменети во Дебар каде  гимназијата „Здравко Чочковски“ беше преименувана во „28 Ноември“, а основното „Братство и единство“ е преименувано во „Пенестија“. Сменето е името на училишпте во Чаир кое сега се вика Адем Јашари.

Државниот просветен инспекторат  им дал рок од осум дена за да ги сменат таблите во рок од 8 дена. Ваков рок имаше и за четирите училишта во Чаир кои претходно ги сменија имињата, но и покрај роковите и казните, тие сеуште ги носат новите имиња.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска