Казни за фалсификување и препродавање билети за Суперкупот

Од:

Собранието попладнево едногласно ги донесе предложените измени и дополнувања на Кривичниот законик со кој се предвидуваат воведување санкции за фалсификување и нелегално продавање билети за Супер купот на 8 август годинава во Скопје.

Законот беше предложен по скратена постапка од страна на четири пратенички групи.

Измените и дополнувањата се заради усогласување со правилата за успешна организација на овој настан, а за да се спречи фалсификување и нелегална продажба на билетите, а поради тоа што досега не било законски утврдено, образложи еден од потписниците на предлогот Томислав Тунтев.

Илија Димовски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој е еден од потписниците на предлогот, рече дека ќе ги поддржат измените и истакна дека секој предлог што е корисен ќе биде поддржан од опозицијата, а кон се она што е штетно ќе имаат, како што рече, поинаков однос.

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека овој предлог се однесува на афирмативен и позитивен повод за кој долго ќе се зборува.

„ Овие измени ги правиме на барање на УЕФА. Ги бараме за да ги усогласиме нашите закони со земји како Англија, Германија, Франција“…, рече Ѓорчев.

 

Собранието на Република Македонија претходно работеше по точките од дневниот ред од 5 седница, на која се расправаше по Извештајот за работата на Агенцијата за администрација.

 

Би можело да ве интересира

Начевски и Николов ќе бидат судии на ракометниот Супер куп на Македонија

А1он

Историски триумф за Шифрин

Наум Локоски

Истанбул и Порто следни домаќини на УЕФА Супер Купот

Ана Ололовска

Атлетико се изедначи со Ливерпул и Ајакс, Реал загуби евро-финале по 18 години

Ана Ололовска

Лопетеги: Ништо страшно, продолжуваме понатаму по зацртаниот пат

Ана Ололовска

Атлетико Мадрид по продолженија го освои Суперкупот на УЕФА

Ана Ололовска