Чистење на Скопје веднаш по Супер купот на УЕФА

Од:

Веднаш по завршувањето на Супер купот на УЕФА, синоќа екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведоа посебна акција за чистење на централното градско подрачје – плоштадите Македонија, Филип Втори, Богородица, Мајка Тереза и ВМРО, како и пошироката околина на Градскиот стадион.

Како што соопшти ЈП „Комунална хигиена“, во акцијата беа ангажирани 60 работници, а се употребуваа две големи метлачки, едно специјално комунално возило – пијаџо, едно специјално комунално возило – кипер и три автоцистерни.

Екипите на „Комунална хигиена“ извршија и расчистување на улицата „Самоилова“, како и на платото пред црквата Св. Спас под Скопското Кале, каде што се одвива манифестацијата Пивофест.

– Вчерашната акција беше завршница на едномесечните активности што ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги спроведуваше во пресрет на Супер купот на УЕФА, во насока на одржување на јавната чистота во централното градско подрачје и во околината на Градскиот стадион. Од 11 јули 2017 година, во овие активности секојдневно учествуваа приближно 20 работници што беа ангажирани за расчистување на отпадот, чистење и метење на скалите што ја поврзуваат ул. „Лазар Личеноски“ со кејот на реката Вардар, со рачно и машинско метење на скалите, рачно и машинско метење околу Градскиот стадион; расчистување на отпадот под мостот „Гоце Делчев“, Камениот мост, мостот „Мајка Тереза“, мостот „Око“ и мостот „Слобода“, како и рачно и машинско миење на сите улици и патеки околу Градскиот стадион, наведува ЈП „Комунална хигиена“.

Во чистењето по натпреварот, како што информира Град Скопје, се вклучија и останатите јавни комунални претпријатија со активности на јавните зелени површини во Градскиот парк, улиците и плоштадите на кои беа поставени фан зоните.

Активностите, како што соопшти Град Скопје, се одвиваа цела вечер и ќе продолжат денеска до целосно расчистување на просторот.

Според градските власти, на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед присуствувале околу 33.000 навивачи, а Скопје изминатите дена го посетиле повеќе од 100.000 туристи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак