Казнети 302 возачи за брзо возење

Од:

Полицијата вчера при контрола казнила 302 возачи на територијата на целата држава зашто возеле со брзина поголема од дозволената.

МВР информира дека од нив 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила – над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 181 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Државјанин на БиХ со хрватски „мерцедес“ возеше над 207 км на час на пат во Србија

А1он

Уапсен е штипјанец – со „бентли“ возеше 143 километри на час на пат каде е дозволено 50

А1он

Дозволено е 80, а тој возеше со 190 километри на час – уапсен е тетовец

А1он

Гостиварец „летал“ со 173 километри на час, од МВР заработи кривична

Полицијата вчера казни 535 возачи за брзо возење

МВР вчера казни 246 возачи во Скопје, 42 за брзо возење