Казанџиска: Пари за мајмунара и Аква парк наместо за училишта и старечки домови

Од:

Кавги, расправии и дофрлувања во собраниската сала за дебатата за извештаите за работењето во 2011 година на Советот за радиодифузија и Агенцијата за електронски комуникации.

Билјана Казанџиска рече дека Советот е претворен во комисија за лустрација на радиодифузерите и дека се пресметува со сите кои не молчат за погрешните политики на Владата. Потсети на катастрофалните оценки за состојбата на медиумите во Македонија на Стејт Департментот, Советот на Европа, Репортери без граници и на последната на ИРЕКС каде што стои дека Македонија е во категоријата на неодржливи медиумски системи и ја оцени Македонија со 1,52 поени.

„Што ви згреши А2 телевизија, па ја затворивте и зашто мачнина ви создаваат сите независни медиуми. Каде сте виделе во светот и на цртани филмови да има владини реклами, дали ќе дозволите или ќе го казните националниот медиум со 9 часа турски серии или ромското радио Черења кое нема ниту минута програма на ромски јазик а цело време емитува техно музика” – праша Билјана Казанџиска.

Претседателот на Советот, Зоран Трајчевски беше дециден дека во случајот со затварањето на А2 телевизија постапиле согласно законот. На Казанџиска и препорача да не се грижи за член 63 од законот, туку за член 11 со кој е забрането роднинска поврзаност меѓу функционери и сопственици на медиуми.

Атмосферата ја вжешти пратеникот Сафет Бишевац кој на Казанџиска и рече да не му се лути на Трајчевски бидејќи рече, тој е обичен поттрчко по што Велјаноски му го исклучи микрофонот.

За Казанџиска се несфатливи и 195-те милиони денари вишок на Агенцијата за електронски комуникации. Праша дали вишокот значи и намалување на цените.

„До каде ќе оди лудилото и каде е дното. Дали вишокот пари на годишната сметка на АЕК директорот ќе ги троши по сопствена желба, ќе гради Аква парк и мајмунари и зошто не се изградат училишта и старечки домови” – го праша Казанџиска директорот на Агеницијата.

Пратеничката посочи дека АЕК потрошиле 1,1 милиони денари за реклами со омилената “Република” со непосредни спогодби и рекламирање на провладини медиуми. За реклами и репрезентации се потрошени 3 милиони и 900.000 денари, за дневници 12 милиони и 298.000 денари, за плати 88милиони денари.

Директорот Орданоски и забележа на Казанџиска дека не го прашала ништо стручно за цените можела да се информира на веб сајтот а на забелешката дека се платени милионски суми за усовршување и патување рече дека планира доусовршување на Кипар.

Би можело да ве интересира

Советот за радиодифузија се преименува во Агенција за аудиовизуелни медиумски услуги

Ана Ололовска

СРД бара внимателно известување за случувањата со цар Душан

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Проблематичниот владин анти-абортус спот сега се емитува со „цензурирана од СРД“

Емир Латифовиќ

Казни до 40 илјади евра со измените на Законот за радиодифузија

Ана Ололовска

Со зајакнување на АЕК и СРД до подобра заштита за крајните корисници

Ана Ололовска

4 милиони евра ќе „лапне“ зградата на Совет за радиодифузија

Ана Ололовска