Казанџиска: Мали ќе бидат затворите да ве соберат

Од:

„Мали ќе ви бидат затворите да ве соберат, кога ќе се смени власта“,со овие зборови се обрати кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Казанџиска, од СДСМ.

Власта и опозицијата се спротивствија за предлогот на СДСМ за социјалните случаи да се издвојат по 2.000 денари за набавка на животни намирници од македонско производство. Ова за власта е само гол политички маркетинг.

„На народот му треба леб, а не балет“, обвинија од СДСМ, побараа наместо барокни гаражи, палми и врби, парите да им се дадат на оние на кои најмногу им требаат. Потсетија дека Македонија е прогласена за најмизерна земја, во друштво со Иран и со Венецуела

Сето ова, велат од СДСМ ќе го цени народот, им порачаа на ВМРО-ДПМНЕ: „ Нишанете и пукајте, ама мислете и на мечката“.

На претседателот на Собранието, и на власта им забележаа зошто дозволиле по втор пат да се „убие“, Стив Наумов, и наместо да ја бранат, како што рекоа, „македонштината“, седеле во разладените канцеларии , играле спортска прогноза, а парите на народот ги трошат за скапи семејни патувања на државен трошок.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ најмногу пари се одвојуваат за доброто на народот, а патриотизмот, рекоа, е нешто вродено, тоа е кај оние кои не менуваат имиња и знамиња и не предлагаат географски одредници.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски