Казанџиска: Колегите од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат амандманите за Штип

Од:

Трае комисиската расправа за тежината и трошењето на државната каса за 2013 година. Меѓу 1.200 опозциски аманманни се и оние за подобрување на животот во Штип.  Пратениците на СДСМ од Штип, поднеле  над 30 амадмани на Буџетот на РМ, со цел реализација на битни проекти за развојот на нашата општина и регионот.

Нивните амадмани  се за одобрување на средства за :

• Изградба на автопат Штип – Миладиновци – Скопје;
• Изградба на трета лента на патот Штип – Кочани – Делчево;
• Спроведување на гасификација;
• Студентски дом во Штип;
• Нова ЈЗУ, на местото на поранешното нервно одделение;
• Купување на 10 автобуси за јавен градски превоз;
• Изградба на мост помеѓу индустриската зона и населба Сењак;
• Реконструкција и доградба на Градскиот страдион;
• Изградба на водовод и канализација во многу населени места меѓу кои  и нас. Балканска, Чардаклија, Дузлачки рид, Караорман, Македонка, Суитлак, Нов Караорман, Железничка и др. :
• Асфалтирање на улици во населба Балканска и Македонка;
• Изградба на пешачки патеки во с.Лакавица;• Систем за наводнување во селата: Радање, Таринци, Карбинци, Козјак и Аргулица;
• Изградба на пат Радање – Оџалија;
• Реконструкција на спортската сала во с.Долни Балван;
• Брана на Козјачка река;
• Канализација во с.Козјак;
• Изградба на спортски терен и детско игралиште во с.Радање;

„Сите овие проекти се неколку години ветувани од власта, но до ден денес не се реализирани.Ги повикуваме нашите колеги пратеници од ВМРО ДПМНЕ да ги подржат нашите амадмани и заеднички да се избориме за подобар живот на граѓаните и развој на општините кои ги претставуваме“, рече Биљана Казанџиска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар