На денешната седница на Советот за радиодифузија контроверзниот спот со кој владата ја води кампањата против абортус предизвика инцидент, за среќа без тепачка туку само со тешки навреди помегу председателот Зоран Трајчевски и советникот Бранко Радовановиќ.
Претседателот Трајчевски многу се изнервирал што Радовановиќ на седницата предложил да одлучат дали да го повлечат спотот против абортус кој предизвикува бурни негативни реакции во јавноста, а и опозициската СДСМ доставила такво барање, пренесе Либертас.
Трајчевски наводно изреагирал обвинувајќи го Радовановиќ дека на седницата дошол со издиктирано прашање. Таквото обвинување го збеснело Радовановиќ кој е советник на предлог на ЗНМ, а не на СДСМ.
Во препирката Трајчевски наводно му рекол дека е неработник и дека најчесто не ни иде на работа, зема плата, а доаѓа на седници само да провоцира. Претседателе, му возвратил Радовановиќ, јас прашувам тоа што јавноста прашува и имам и право и должност да го правам тоа, а на работа сум редовен.
Настанал хаос. Радовановиќ револтирано излегол а председателот Трајчевски не бил во состојба да ја продолжи седницата. Одлука за повлекување на контроверзниот спот кој оди на сите провладини телевизии и медиуми не била донесена.