Четириесет и петгодишна жена од Кавадарци пријавила во полиција дека на 6 јуни, нејзината 17-годишна ќерка се одјавила од средношколскиот интернат и заминала кај К.Ѓ., 19-годишно лице од Битола, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Според пријавеното, таа неколкупати стапила во контакт со неа, но, потоа престанала да одговара на телефонските повици и до пријавувањето, не се вратила дома.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето.