Кавадарчаните кои го украдоа мајмунчето имале над 30 кривични пријави

Од:

Кавадарчаните кои во неделата го украдоа мајмунчето Лука од Зоолошката градина во Скопје имале криминално досие и против нив досега биле поднесени над 30 кривични пријави.

Против кавадарчанката имало поднесено две кривични пријави за кражби, а против нејзиниот пријател поднесени биле дури 33 кривични пирјави, најмногу за кражби, но и за трговија со дрога, комјутерски криминал.

Пријавените во понеделникот попладне го украдоа мајмунчето павијан од Зоолошката градина во Скопје, но беа фатени на пат кон Кавадарци.

Мајката изјави дека наводно го украле мајмунот за да му го подари на своето глувонемо дете за да го израдува, бидејќи секогаш кога ќе го видело се радувало.

Против двајцата крадци ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он