Кавадарчанец загинал во сообраќајка, уште четворица тешко повредени

Од:

Кавадарчанец загинал во сообраќајка, брат му и татко му со тешки телесни повреди биле пренесени на клиника во Скопје. Информацијата ја потврдуваат и од Итната медицинска служба во Квадарци и од МВР.

Сузана Прањиќ Талевска, началник на Одделение за информации од јавен карактер при МВР, вели дека синоќа во 17:15 часот на регионалниот пат Кавадарци, кај градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „урсус“ со приколка, управуван од В.П.(24) од Кавадарци, патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Л.Л.(51) од село Дабниште, кавадаречко и патничко возило „опел вектра“, управувано од М.К.(46) од Кавадарци, сите со кавадаречки регистарски ознаки.

-На местото на незгодата починал З.Л.(54) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“. Тоа го констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот и вториот сопатник од истото возило од село Дабниште, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачот на другот возили и неговата сопатничката од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци, појасни Прањиќ Талевска. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Се судрија три возила, повредени се 12 лица

Повредено едно лице во сообраќајка кај кавадаречко Дреново

Горан Наумовски