Кавадарчанец загина по пад од карпа при лов, пожарникари го извлекоа телото

Од:

Кавадарчанец загина по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекоа телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеа по тесни и лизгави карпи.

– До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотното тело на наш сограѓанин кој доживеа несреќа при лов, падна од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина пожарникари и опрема за работа на височина (алпинистичка опрема). Со придружба од четворица припадници на МВР Кавадарци и двајца членови на фамилијата се упативме кон длабокиот и непристапен стрмен терен. Поради тоа што телото на нашиот сограѓанин се наоѓаше на непростапен и непрооден терен,  моравме да користиме опрема за алпинизам, да се врзиме и обезбедиме меѓу себе, да не дојде до дополнителни незгоди, информираат од ТППЕ Кавадарци.

Додаваат дека по целодневен напор по екстремно тешкиот терен телото успешно било извлечено од длабоката бездна и било предадено на органите за безбедност.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари